Кристијано Роналдо се врaќа во Мадрид, но не како фудбалер, туку како инвеститор. Португалецот е дел од фирма, чија следна цел е да отвори клиника за пресадување коса во шпанската престолнина.

Освен на фудбалот, многу внимание обрнувам на здравјето, технологијата и иновациите. Тоа се областите во кои сакам да инвестирам. Сакам првата клиника од ланецот да биде во Мадрид, град во кој живеев толку години, изјави Роналдо.

Во моментот неговиот дел од компанијата изнесува еден милион евра, а се очекува во наредните три-четири години неговата инвестиција да стигне до 25 милиони евра. За неговиот бизнис ќе се грижи поубавата половина Џорџина Родригес, која се очекува да ја заземе раководната позиција. Во клиниката ќе работат 150 луѓе и ќе има 18 кабинети во кои ќе можат да се извршуваат по 18 трансплантации дневно. Се очекува таа да почне со работа на 18 март.