Неколку дена по трагичната хеликоптерска несреќа во којашто загина сопственикот на англискиот фудбалски клуб Лестер, Вишаи Шриваданапраба, се појави снимка од последниот лет на хеликоптерот.

На снимката се гледа како хеликоптерот полетува од центарот на теренот на стадионот „Кинг Пауер“, ги прелетува трибините, но потоа губи контрола во воздухот и паѓа на земја.