Кошаркарот на Кливленд кавалирс, роден во Македонија, Џеди Осман го предводеше својот тим до првиот триумф сезонава во НБА лигата. „Коњаниците“ на домашен терен славеа против Атланта хоукс со 136-114, со што ја прекинаа низата од шест порази со коишто ја почнаа сезоната.

Осан, кој е роден во Охрид од татко Турчин и мајка Бошњачка, натпреварот го заврши со 20 поени на кои им додаде и пет скокови, три асистенции и една одземена топка. Подобар реализаторски ефект од Осман имаше само Родни Худ кој постигна 26 поени.

Резултати од синоќешните натпревари:

Кливленд – Атланта  136-114

Бостон – Детроит  108-105

Торонто – Филаделфија  129-112

Хјустон – Портланд  85-104

Оклахома сити – ЛА Клиперс  128-110

Мемфис – Вашингтон  107-95

Орландо – Сакраменто 99-107

Шарлот – Мајами  125-113