Кристијано Роналдо ќе остане во историјата како еден од најголемите фудбалери, без дилеми. Неговите вештини не може никој да ги оспори, но тој знае и многу добро да се продаде. Можеби Португалецот во моментов не е во најдобра форма, не е на највисоко ниво, но ако можеби на фудбалските терени е на второ место, на Инстаграм е прв.

„ЦР7“ е мајстор во користењето на социјалните алатки, пренесуваат медиумите, истакнувајќи дека по цели две години владеење со тронот на Инстаграм, Селена Гомез морала почесното место да му го остапи на Роналдо. Еве и зошто: Селена Гомез, кралицата на Инстаграм има 144.370,595 следбеници (значи милиони), а Роналдо ја надминал со фантастични 144.476,715 лица кои го следат.