Шест поддржувачи на Ливерпул беа уапсени пред натпреварот против Барселона. Фановите на британскиот тим се најдоа во притвор откако нападнаа двајца вработени во областа на хотел во близина на Кралскиот плоштад во градот, објави „Мундо Депортиво”.

Една од жртвите има скршен нос. Скоро 500 навивачи на „црвените” пиеле пиво во областа на „Плаза Реал” и биле агресивни кон другите, предизвикувајќи неколку инциденти, за кои била потребна полициска интервенција.

Ливерпул ќе биде поддржан од речиси 5.000 луѓе на „Камп Ноу” вечерва против Барселона во полуфиналниот меч помеѓу двата тима во Лигата на шампионите.

Инцидентите погледнете ги тука