Дефанзивецот на Ајакс, Матаис де Лихт истакна дека тимот е во одлична ситуација, бидејќи победи како гостин.

– Ова е само првиот натпревар, но ситуацијата е одлична. Постигнавме важен гол како гостин. Жално е што Нерез на крајот погоди статива, бидејќи 2:0 би бил уште подобар резултат. Игравме исто, како против Баерн Минхен, Реал Мадрид и Јувентус. Знаевме дека Тотенхем е многу добар тим. Тие центрираа кон Љоренте при секоја удобна можност и тоа не спречи да притиснеме. Излезе вистинска машка битка, но победата сепак остана кај нас, изјави Де Лихт по мечот