Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по победата со градскиот ривал Манчестер Јунајтед (2:0), рече дека играчите не треба да мислат дека трофејот е веќе во нивни раце.

Манчестер сити има еден бод предност пред Ливеруп и до крајот на првенството треба да игра со Барнли, Лестер и Брајтон.

Ливерпул ќе се сретне со Хадерсфилд, Њукасл и Вулверхемптон, но нив ги очекува и два дуела во полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона.

На „Олд трафорд“ бевме под притисок. Им реков на играчите дека треба да играат за да победат и да не размислуваат дали ќе пропуштиме нешто или не. Победивме, но ние не сме уште шампиони. Ги предупредив дека не им е неопходно да читаат весници и да гледаат телевизија. Треба само да се опуштат, да се одморат и да се фокусираат на следниот меч, изјави Гвардиола.