Аргентинскиот интернационалец во редовите на Манчестер сити постигна трио гола во вечерашниот триумф над Арсенал со 3:1.

Агуеро погоди во 1., 44. и 61.минута.

Стрелец на голот за гостите од Лондон беше Кошиелни со 11.минута.

По оваа победа „граѓаните” му се доближија на лидерот на табелата во Премиер лигата Ливерпул на два бода.

Шанса Ливерпул да се врати на плус пет ќе има утревечер кога треба да му гостува на Вест Хем во последниот натпревар од 25. коло