Францускиот репрезентативец и член на Манчестер јунајтед, Пол Погба игра во извонредна форма по смената на тренерот. Тој освои 11 поени во системот „гол плус асистенција” по оставката на Мурињо што е најдобар резултат во Премиер лигата во посочениот период.

Погба и денеска се запиша во листата на асистенти, откако имаше додавање за Маркус Рашфорд при постигнувањето на победничкиот гол против Лестер во рамките на 25. коло од Премиер лигата.

По доаѓањето на Оле Гунар Солскјер во Манчестер јунајтед во декември, Погба постигна шест погодоци и оствари пет асистенции за вкупно 11 бода.

По него во периодот по одењето на Мурињо, на оваа листа следен е Сон Хин-Мин од Тотенхем со 10 поени.

Под водство на Мурињо, Погба одигра 12 натпревари и постигна шест поени (три гола + три асистенции)