Шпанскиот фудбалски гигант Барселона за нов спортски директор и официјално го назначи својот поранешен играч Жорди Кројф, кој, сепак, е најпознат како син на прославениот холандски фудбалер Јохан Кројф.
Жорди Кројф ја извршуваше функцијата спортски директор на каталонскиот клуб од 1 јули, а сега и официјално потпиша договор.
Во Барселона уште минатата година го врати претседателот Жоан Лапорта и во последните два преодни рока Жорди Кројф беше еден од клучните луѓе на клубот од Камп Ноу.
Освен за Барселона, за која играше од 1994 до 1996 година, Кројф ги носеше боите и на Манчестер јунајтед, Селта, Алавес, Еспањол и Металург од Доњецк.
Во 2020 година Кројф беше шест месеци селектор на Еквадор, но поради пандемијата на коронавирус не ја предводеше репрезентацијата на ниту еден натпревар.
Comments are closed for this post.