Напаѓачот на Баерн, Томас Милер е разочаран од вчерашниот поразот од Аугсбург (0:1) во натпреварот од 7. коло на германскиот шампионат.

– Немам зборови, не требаше да го загубиме овој натпревар. Создадовме повеќе шанси, но не ги реализиравме претворивме доволно добро. Дали ни фали напаѓач? Вие можете да ја водите оваа дискусија, но ние мора да работиме со составот што го имаме, изјави Милер за германските медиуми.

Баерн не успеа да постигне гол на натпревар од германската лига за прв пат од февруари 2020 година.

Тимот предводен од тренерот Јулијан Нагелсман е четврти во Бундеслигата со 12 бода.

Лидер е Борусија Дортмунд со 15, Унион Берлин има 14 и натпревар помалку, Фрајбург е трет со 13, исто така со натпреавар помаллу