Дека Швајцарија е земја во која се почитуваат законите доказ е нивниот најпопиларен спортист Роже Федерер.

Тој купи имот на Циршкото езеро од 18.000 квадрати. Роже планира тука да направи објект на самото езеро, но згора на тоа да биде јавен и сите да можат да го посетуваат.

Сепак, локалните власти не се согласуваат со тоа бидејќи сметаа дека ќе им се наруши мирот на жителите кои не се навикнати на врева која би била предизвикана од фановите на тенисерот.

Роже најверојатно ќе се откаже од оваа идеја  и ќе мора да се задоволи со прватен имот наменет само за неговото семејство.