Шампиониот на Франција, Парис Сен Жермен е шокиран од Рен на гостински терен. Пораз од 2-1 кој говори дека ПСЖ оваа сезона нема да биде страв и трепет во првенството.

Парижаните поведоа со голот на Кавани но потоа следуваше неверојатен пад во играта што резултираше со два гола во мрежата.

До крајот Верати и Мбапе се обидуваа да изедначат, но безуспешно.