Првиот настап на македонската ракометна репрезентација по потпишувањето на Договорот во Преспа помина разочарувачки. Наместо релаксирани добрососедски односи и опуштена атмосфера, се случи токму спротивното.

Поради страв од можни инциденти не можеше да се купи билет за натпреварот туку малубројните гледачи има посебни покани за присуство.

Она што беше најзабележително е опремата со која настапи нашата репрезентација на натпреварот. Единственото нешто што потсетуваше дека настапува македонска селекција беа жолтите дресови на кои стоеја само имињата на спонзорите и амблемот на ракометната федерација. На тренерките каде вообичаено стои „Македонија“ сега немаше ништо.

Со други зборови, во Кожани играше безимена држава против Грција.

Државната ЕРТ пак отиде подалеку и на преносот каде стои резултатот од натпреварот и до нив имињата на државите пред нашата земја стоеше FYR. Само неколку минути стоеше МКД па грчката телевизија ја стави референцата но без името Македонија.

Пред потишувањето на Договорот од Преспа властите убедуваа дека кратенката MKD e заштитена и дека ќе може да се користи секаде.