Раководството на актуелниот европски фудбалски шампион Реал Мадрид за вечер во 19 часот свика итен состанок на кој ќе биде донесена конечна одлука за судбината на тренерот Хулен Лопетеги.

Неофицијално, раководството на Реал Мадрид ќе донесе одлука за разрешување на Лопетеги а главен кандидат за заземање на неговото место е Антонио Конте, кој претходно беше на чело на Челзи.

Вчера Реал Мадрид загуби од Барселона со резултат 5:1.

По 10 кола во Шпанскиот фудбалски шампионат „Кралскиот клуб“ се наоѓа на деветтото место и има седум бода помалку од лидерот на табелата Барселона.