Американската тенисерка Серена Вилијамс се повлече заради болка во грбот после само четири гемови во финалето на Роџерс купот во Канада. Бјанка Андреску е нова шампионка на турнирот.

Андреску стана првата Канаѓанка која после 50 години го освојува овој турнир, но нејзиниот триумф и освојување на пехарот остана во сенка заради солзите на Американката.

Бјанка Андреску

Андреску водеше со 3:1 во првиот сет кога во еден момент Серена повика на медицински тајм аут. За помалку од една минута, судијата објави дека Вилијамс се повлекува од турнирот.

„Жал ми е, не можев да играм, едноставно не можев. Беше ова тешка година, но продолжуваме понатаму, рече Серена низ солзи.

За Канаѓанката ова е втора титула сезонава и е во добра форма бидејќи има добиено 17 натпревари по ред.