електорот на Грузија, Владимир Вајс, поднесе оставка на функцијата по поразот од Македонија (0:1) во финалето од плејофот за пласман на Европското првенство.
Македонија во Тбилиси победи со голот на Горан Пандев и првпат во својата историја ќе игра на едно големо натпреварување.
Мојата работа заврши. Истече времето. Им благодарам на грузиските навивачи, играчи, новинари. Ова беше тешко време, но сепак ова беа пет добри години во мојот живот. Жалам што не успеавме, рекол Вајс.
Словакот ја презеде репрезентацијата на Грузија во март 2016 година. Вајс како селектор во 2010 година успеа да ја однесе Словачка на Светското првенство во Јужна Африка.
Comments are closed for this post.