Владејачката партија им го честита успехот на фудбалерите на македонската репрезентација и порачува дека треба сите да бидеме горди бидејќи Северна македонија првпат се пласирала на европско првенство во фудбал.

Честитки за одличната, пожртвувана и тимска игра на нашите фудбалски репрезентативци, кои со синоќешната победа испишаа светло поглавје во историјата на македонскиот спорт.

Вашата посветеност, борбеност и одлучност за победа е пример за сите, пример дека се е возможно ако се даде се од себе.

За првпат македонската фудбалска репрезентација ќе игра на Европското првенство. Цела држава е горда на победата и историскиот успех на македонските фудбалери.

Во овој сериозен период, кога целата држава, но и целиот свет со справува со коронавирусот, нашите фудбалски репрезентативци донесоа радост и гордост во секој дом, кај секој граѓанин.

Репрезентативците и граѓаните имаат на што да бидат горди. За првпат, Северна Македонија во друштво со најсилните фудбалски нации во Европа.

Честитки за пласманот, заедно да се радуваме на нови победи на Европското првенство во 2021 година!, пишува во соопштението од СДСМ.