Забава во ноќен клуб во Гвангжу, во кој се славеше освоеното злато на американскиот женски ватерполо тим на Светското првенство во водени спортови, се претвори во пекол.

Во пад на галерија во локалот загинаа двајца Корејци и повредени се десетина странски државјани меѓу кои осум спортисти, сите репрезентативци на своите земји.

Според полициски извори, тројца од нив се Американци, двајца од Нов Зеланд и по еден Холанѓанец, Бразилец и Италијанец. Сите се здобиле со полесни повреди, воглавно расекотини, и се надвор од животна опасност.