Навивачката група „Шверцери“ преку соопштение на нивната „Фејсбук“ страница се огласија по повод настанот во МНТ каде нивни припадници дивееја и скршија дел од инвентарот во театарот. Тие велат дека написите во медиумите се шпекулации и оти пред да излезат провериле да не има нешто оштетено и оти се било во најдобар ред.

Во врска со информациите кои се појавија во медиумите за некакво наше ‘дивeeњe’ при
прославата на 30 години постоење на навивачката група ‘Швepцери’ мора да истакнеме дека е
очигледна намерата да се oцpни оваa навивачка група со невистинити информации
шпeкyлaции.
Вистината е дека ние како организирана група влеговме во објектот каде беше закажано
одбележувањето на јубилејот, при што беше прикажан краток документарен филм за оваа
навивачка група како и доделени признаници на еминентни личности од фудбалската живот кои
го дале својот допринос за нашиот клуб-стои во нивната реакција.