Поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи” Вејн Руни, зборувајќи за разделбата на менаџерот Жозе Мурињо со Манчестер Јунајтед, рече дека е сигурен дека сите во 20-кратниот шампион на Англија не биле задоволни од однесувањето на португалскиот стручњак за време на неговата работа на „Олд Трафорд”.
Сигурен сум дека (потпретседателот) Ед Вудворд не бил задоволен од работата на Мурињо. Истото важи и за остатокот од персоналот. Готвачките на тимот, исто така не работеа со желба. Успеси се постигнуваат кога луѓето се среќни и односите меѓу нив се коректни. Можам да видам дека играчите повторно се смеат, што е добро за клубот. Раководството направи добар потег со назначувањето на Оле Гунар Солскјер. Ќе биде возбудливо да видиме што ќе направат фудбалерите под негово раководство, изјави Руни пред „БТ Спорт”.
Поранешниот англиски репрезентативец си замина од Јунајтед во 2017 година.
Comments are closed for this post.