Кристијано Роналдо деновиве се соочува со обвинение за силување на манекенката Кетрин Мајорга кое се случило во Лас Вегас во 2009 година. Можноста за такво нешто е уште поголема откако излезе снимка од дискотека во која бил со својата жртва.
Нејзините адвокати за вечерва во Лас Вегас закажаа прес-конференција, на која јавно ќе ги објават сите докази против Роналдо и најновите информации поврзани за случајот.
BREAKING: Las Vegas Police reopen investigation into an allegation of sexual assault on June 13, 2009.
“Our detectives are following up on information being provided by the victim. This is an on-going investigation.” pic.twitter.com/kyQaTl0D7w— Dan Roan (@danroan) October 1, 2018
Според законот на државата Невада случаите на силување никогаш не застаруваат. А, полицијата во Лас Вегас тогаш во 2009 година добила пријава за сексуален напад. Иако постојат полициски извештаи, потоа случајо набрзо беше затворен откако Роналдо една година потоа, по взаемен договор, и исплатил 375.000 долари на Мајорга за да не се појавува со обвинувања во јавноста.
Кристијано Роналдо, доколку се потврдат обвинувањата и преку судски пат, се соочува и со затворска казна.
Comments are closed for this post.