Кристијано Роналдо е избран за најкорисен фудбалер на сезоната во Серија „А” откако дебитираше со Јувентус. Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид ја освои титулата со тимот на Јуве, откако помогна со 21 гол и 9 асистенции во 30 натпревари.
Тој ќе ја добие својата награда пред почетокот на денешниот натпревар против Аталанта. Истата награда пред неколку години Роналдо ја освои и во Манчестер Јунајтед и во Реал Мадрид.
Во исто време, Калиду Кулибали беше прогласен за Најдобар дефанзивец. Фудбалерот на Наполи досега помогна за 13-те „суви” мрежи на својот тим.
Сите награди:
Најкорисен играч на сезоната: Кристијано Роналдо (Јувентус)
Голман на сезоната: Самир Хандановиќ (Интер)
Дефанзивец на сезоната: Калиду Кулибали (Наполи)
Халф на сезоната: Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Лацио)
Напаѓач на сезоната: Фабио Кваљарела (Сампдорија)
Најдобар млад фудбалер на сезоната: Николо Ѕаниоло (Рома).
Comments are closed for this post.