Роналдињо е позитивен на ковид-19, меѓутоа нема симптоми и се чувствува добро. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња е сместен во карантин во Бело Хоризонте, каде што вчера се појави и требало да присуствува на настан.

Задолжителните тестови покажале дека Роналдињо се заразил со корона-вирусот, по што се огласи преку социјалните мрежи.

Од вчера престојувам во Бело Хоризонте, каде што ќе ја поминам самоизолацијата. Дојдов да присуствувам на настан, но тоа ќе мора да го оставам за подоцна. Инаку, се чувствувам добро и не покажувам симптоми. Наскоро ќе се видиме“, порача Роналдињо.

Годинава посебно не е добра за поранешната ѕвезда на Барселона и легенда на бразилскиот фудбал. Помина пет месеци во затвор во Парагвај поради фалсификувани документи, а сега му следува борба со опасниот вирус, која треба лесно да ја добие ако се држи до протоколот.