Назначување на селектор на машката сениорска репрезентација е главната задача во следниот период, заклучија денеска од Ракометната федерација на Македонија која го одржа редовното годишно собрание.
Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов објави дека новиот предводник мора да биде професионалец и посветен само на селекцијата, што значи да биде без клупски ангажман.
„Ќе инсистирам идниот селектор да биде професионалец кој ќе работи само во федерацијата, на тој начин ќе имаме поголем фокус на работата со репрезентацијата. Мора да го назначниме колку што е можно побрзо бидејќи во април нè очекуваат квалификациски дуели за Европско првенство“, изјави Мукаетов.
Поранешниот генерален секретар, Марјан Начевски пак даде идеја повторно да се активира ракометот на плажа во Македонија.
„Во 2024 година ракометот на плажа официјално ќе стане олимписки спорт. Ние како репрезентација во женска конкуренција во 2011 година бевме четврти на Светските игри. Ова е јасен знак дека имаме потенцијал во овој спорт. Сигурен сум дека можеме да се избориме за Олимпијада како во машка така и во женска конкуренција. Мојот предлог е да му се даде простор на овој спорт“, изјави Начевски
Нашата земја се уште нема настап на олимписките игри во екипен спорт, па Начевски смета дека тоа можеме да го оствариме со ракометот на плажа.
Comments are closed for this post.