Црвено-црните“ покажаа две лица во дербито против Веспрем, македонскиот тим одигра одлично прво полувреме и лошо второ поради кое го загуби мечот и падна од втората позиција на табелата во Групата А.

Натпреварот почна изедначено, се играше гол за гол, Вардар најчесто го имаше водството, Веспрем бркаше. Како одминуваше времето црвено-црните се одлепуваа и направија висока разлика од пет гола. Со таква позитива заминаа и на одморот, 16:11.

Во второто полувреме Вардар влезе лабаво, Веспрем уште на почетокот направи серија од 6-1 и го изедначи резултатот. Вардар го врати водството но не за долго. Финишот му припадна на унгарскиот тим кој на крајот се радуваше на победа од 29:27.

Најмногу голови за Вардар постигна Дисингер пет, по четири реализираа Криштопанс, Стоилов и Скубе. Дејан Манасков за Веспрем даде два гола.

Шампионот на Македонија пропушти убава шанса да го завери второто место. Во следното коло избраниците на Парондо му гостува на Кристијанштад.