Кошаркарот на Кливленд, Чеди Осман на Ол-стар натпреварот настапи со специјално дизајнирани патики, на едната беше знамето на Македонија, на другата на Турција.

„Роден сум во Македонија, настапувам за репрезентацијата на Турција, па токму затоа сакав да ги ставам девете знамиња. Одлучив да ги претставам двете земји, бидејќи ме поддржуваат без разлика на сè“, рече Осман.

Чеди Осман е роден во Охрид, но настапува за турската репрезентација. Кошаркарот на Кливленд на синоќешниот натпревар меѓу САД и остатокот на светот постигна два поени, имаше три скока и четири асистенции.