Ракометната Федерација на Македонија преку соопштение ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и селекторот Данило Брестовац, денес, взаемно се спогодиле за прекин на соработката околу ангажманот на машките ракометни сениорни.

Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период од јуни 2019 до јануари 2021 година.

Македонија на Светското првенство во Египет заврши на 23-тото место и оствари една победа и пет порази.

Извор: СпортскаМрежа.МК