Бекот на Денвер нагетс, Џамал Мареј, постигна рекордни во кариерата 48 поени со што го предводеше својот тим до триумф против Бостон селтикс од 115-107. Канаѓанецот дојде до таков ефект погодувајќи 19 од 30 шута, меѓу кои и пет од 11 за три поени. Мареј беше блиску и до преминување на границата од 50 поени, но неговиот шут за три поени со звукот на сирената беше непрецизен.

Со ваквата престава, Мареј му помогна на Денвер  да ја надмине негативата од 18 поени што Бостон ја имаше во првата четвртина и да дојде до деветтата победа во десет одиграни натпревари, со што се зацврсти на второто место во Западната конференција, веднаш зад актуелниот шампион, Голден Стејт вориорс, кој има еден триумф повеќе.

Резултати од синоќешните натпревари:

Денвер – Бостон  115-107

Индијана – Хјустон  94-98

Оклахома сити – Њу Орлеанс  122-116

Јута – Торонто  111-124

Голден Стејт – Мемфис  117-101

ЛА Клиперс – Минесота   120-109

Детроит  – Мајами  115-120 (прод.)

Орландо – Кливленд  102-100

Њујорк – Чикаго  115-116 (2 прод.)