Поранешниот бразилски фудбалер, Роналдињо, се наоѓа во очајно лоша финансиска ситуација. Како што пишува бразилскиот весник „уол“, Роналдижо има долгови кон државата од повеќе од два милиона евра, но на своите сметки по банките има само 24,63 бразилски реали, што е нешто помалку од шест евра. Поради таквиот долг, бразилскиот суд донесе одлука на Роналдињо и на неговиот брат Роберто да им ги одземе пасошите.

Причина за ваквата лоша финансиска состојба на Роналдињо доаѓа поради неплатени камати за казни добиени поради нелегална изградба на забрането подрачје. Тие камати достигначле толкава сума поради четирите години колку што траел судскиот спор во кој биле влезени браќата Асис.

Како што пишува бразилскиот медиум, шанса за излез од финансискиот колапс Роналдињо има во бројните маркетиншки активности што ги има ширум светот. Бразилецот во последните две недели патуваше во Кина и во Јапонија каде што имаше обврски кон своите спонзори. Освен во Азија, изминатиов период Роналдињо патуваше и во различни земји од Европа и Африка, а компанијата „Најки“ лансираше и линија на патики со неговото име и потпис, што според бразилскито суд, би требало да му донесе на Роналдињо значителни приходи.