Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Арсенал  го играа реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Парижаните беа поуспешни 2-1 и ќе играат во финалето против Интер.

Шоуто во Париз почна со спектакуларен гол на Фабијан Руиз! Тој ја прими топката на работ од шеснаесетникот, ја префрли на левата нога, се позиционираше и со моќен удар ја искина мрежата на Арсенал.

Гол падна во  72 минута кога Ашраф Хакими го дуплираше водството на Пари Сен Жермен. Тој ја фати топката на работ од шеснаесетникот, а потоа мајсторски ја смести топката во мрежата. Само неколку минути Арсенал намали на 2-1 но тоа не беше доволно.