ПСЖ на основ на новиот договор ќе заработи вртоглава сума пари, а висината на годишните приходи ќе ги стави парижаните на третото место во светот.Досега компанијата Најк на ПСЖ на име спонзорство уплатувала 25 милиони евра, а од следната сезона, кога ќе истече важечкиот договор и кога ќе се активира новиот, екипата од Паркот на принцовите ќе инкасира речиси три пати повеќе – цели 80 милиони евра годишно.

Тоа значи дека до крајот на договорот во 2033 година екипата од Париз ќе биде побогата за неверојатни една милијарда евра.

Со овој договор е крунисана соработката која трае повеќе од 30 години и со тоа ПСЖ, по висина на спонзорствата, ќе скокне на третото место. Пред нив се само Манчестер јунајтед кој од Адидас добива 110 милиони евра годишно и Барселона со 105 милиони евра годишно од Најк.

Со новиот договор ПСЖ ги престигна Манчестер Сити, Арсенал, Баерн, Челзи и Тотенхем.

Договорено е американската компанија покрај машкиот фудбалски клуб со опрема да го снабдува и женскиот, но и ракометниот клуб.