Семејството на тенисерот Новак Ѓоковиќ почна да инвестира во производство на вино, а Горан Ѓоковиќ, чичкото на тенисерот е задолжен за овој бизнис купи пет хектари земја во селото Липовац кај Топола.

Неговото вино беше хит на Саемот во Белград и сите сакаа да купат некое шише.

Хектар земја во Липовц сега вреди околу 4.500 евра, но се очекува по пристигнувањето на Ѓоковиќ во регионот на Опленец цената да биде четири пати повисока.