Драма во Англија .Португалскиот фудбалер Жоао Кансело (27) бил нападнат, претепан и ограбен во неговата куќа во Манчестер.

На селфи фотографијата што ја „објави“ на својот Инстаграм профил ги покажа последиците што му ги оставија четворица мажи- модринка на окото и расекотина во пределот на слепоочницата.

Од неговата куќа биле одземени накит и други вредни предмети.

За жал, денеска бев нападнат од четворица кукавици кои ме повредија и се обидоа да го повредат моето семејство. Кога им се спротивставуваш, ова се случува – напиша Кансело  Успеаја да ми го земат целиот накит и да ме остават во ваква состојба. Воопшто не знам како постојат такви луѓе. Најважно ми е во овој час сите, јас и моето семејство да сме добро. После толку многу препреки во животот, ова е уште една што ќе ја надминам.