Животната приказна на прославениот француски фудбалер е идеална за сценарио на холивудски блокбастер.

Многу познати спортисти имаа исклучително тешки животни приказни, а онаа за Франк Рибери ќе насолзи многу oчи

Одличниот напаѓач никогаш не ги запознал своите биолошки родители тој бил оставен како бебе пред вратата на еден манастир во Франција.

Имал само две години кога доживеал страшна сообраќајна несреќа. Заработил лузна која му го одбележала целиот живот. Имаше дури 100 конци на лицето, раната била морничава.

Бил отфрлен, исмејуван, понижуван поради таа лузна, но таа го зајакнала, му ја зголеми издржливоста.

„Тоа ми даде карактер и сила, бидејќи кога си дете и имаш таква лузна не е лесно. Начинот на кој те гледаат, коментарите… Страдав поради тоа… Луѓето велеа „погледни неговото лице, погледнете му ја главата „Грдо е, одвратно.“ Секаде каде што одев луѓето зјапаа во мене, но не затоа што сум добар фудбалер, туку затоа што ме видоа поради лузна“, изјави Франк.

Децата знаат да бидат многу сурови. Го викале Квазимодо, Скарфејс, Франкенштајн… Се бранеше како знаеше, понекогаш со песни. Му било тешко, но смета дека тоа искуство го направило маж.

Тешко ми беше. На училиште ме исмејуваа, зборуваа за мене… Но, иако ме задеваа, јас никогаш не се повлеков и не плачев. Никогаш, никогаш, но страдав. Многу ми пречеше, но јас гневот ми го насочив да играм фудбал.Без тие лузни би бил нормално момче и поради нив сега имам извонреден карактер и волја.Кога ќе се сетам на се се гордеам со она низ што сум поминал.Не беше лесно, но затоа го сакам своето лице и мојот живот денес“, изјави Рибери.

Францускиот напаѓач направи фантастична кариера и покрај тешкото детство. Судбината сакаше да помине низ многу трнлив пат до врвот. Растејќи често правел проблеми, но се се променило кога ја запознал сопругата Вахибу Белхами, поради што ја сменил верата и преминал во ислам.

„Ја запознав кога имав 16 години, живеевме на иста улица. Се заљубив на прв поглед.

Вахиба е со алжирско потекло, Френк поради неа преминал во ислам и го зел муслиманското име Билал Јусуф Мохамед.

 

Следуваше скандал со малолетна проститутка. Имено, Захија Дехар се најде на насловните страници во 2010 година кога откри дека двајца познати француски репрезентативци Франк Рибери и Карим Бензема и платиле за сексуални услуги.

Таа во моментот на скандалот со фудбалерите се уште била малолетна. Захија признала дека плачела половина година подоцна бидејќи се протекло во јавноста, но ја искористила славата.

Фудбалерите беа ослободени од обвиненијата за измама на малолетник, бидејќи не знаеле колку години има. Захија ги излажала дека е полнолетна, а на еден од фудбалерите му била роденденски подарок и за тоа добила 700 евра.

“2010 беше ужасна година за мене. Нема ни да ги спомнам повредите со кои се соочив. Во мојот приватен и фудбалски живот залутав. Се изгубив и повредив блиски луѓе. Разочарав многумина, дури и шокиран и јас Сакам да се извинам за тоа“, изјави Рибери.

Поради повредата го пропушти Светското првенство во Бразил во 2014 година и потоа се прости од репрезентацијата.