На социјалната мрежа твитер се појави видео монтажа на која е претставен првиот ден на Зиден Зидан по неговото претставување за нов тренер на Реал Мадрид.

За монтажата е искористено едно од најпопуларните видеа на твитер, оригинално објавено на „Сатрдеј Најт Лајв“, кое ја претставува презентацијата на лажен претседател на САД.

Видеото го прикажува Зизу како се поздравува со фудбалерите со кои имаше одлична соработка за време на претходниот престој во клубот, но и што може да очекуваат дел од фудбалерите кои упатија критики за него по неговото заминување.