Англиската фудбалска Премиер лига го продолжи договорот со националните радиодифузери.

Новиот договор на лигата со „Sky Sports“, „BT Sport“, „Amazon“ и „BBC Sport“ трае до 2025 година. Скај спортс појаснува дека износот на договорот бил околу 5,1 милијарди фунти.

Правата за емитување овојпат беа доделени без тендер, што нормално се распишува за вакви договори.

Премиер лигата објави дека е во можност да ја убеди британската влада да направи исклучок поради разорното влијание на пандемијата на коронавирус.