Постарите љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на Жан Марк Босман. Тој доаѓаше од Белгија и не се истакна со завидна кариера но сепак остана запомнат по тоа што ја смени револуцијата на фубалот.Поради него денеска фудбалерите менуваат клубови без никаков проблем штом им заврши актуелниот договор, без притоа клубот со кој потпишува да има обврска да плати обесштетување за неговиот трансфер.

Спорот се случи во 1990 година кога Босман играше за Лиеж но тој сакаше да замине во Дункерк но тие не сакаат да платат оштета која белгискиот клуб ја бара.Босман е принуден да остане во Лиеж, но клубот решава да му ја намали платата бидејќи тој повеќе не е првотимец.

Босман решава да го изнесе неговиот случај пред Европскиот суд, каде цитира неколку од правилата наметнати од ФИФА кои се однесуваат на слободното движење на фудбалерите. На 15 декември 1995 година, Судот одлучува дека фудбалерите можат слободно да прават трансфер во други клубови откако нивниот договор ќе заврши, а бидејќи ова правило е инспирирано од случајот на Жан-Марк Босман, Судот решава да биде именувано по него.