Шпанската полиција во рамките на акцијата „Небок“ уапси 15 членови на организирана криминална група за милионски грабежи во провинциите Аликанте, Кастелон и Валенсија, пишува шпанскиот портал „Ел Паис“. При апсењето кај осомничените бил пронајден накит вреден над 900.000 евра. Уапсените се обвинети и за кражба на вредни накит од познат шпански фудбалски тренер.
Името на тренерот не е објавено, но се тврди дека тој е „исклучително популарен“ во Шпанија
Осомничените разбојници практично живееле од грабежи. При приведувањето, при претрес на просториите каде што престојувале, пронајден е накит и часовници во вредност од над 900.000 евра, врвни алатки, компресори, агрегати, спортска опрема, велосипеди, скутери, играчки конзоли, катализатори, детектори за метал во вредност од над 150.000 евра, но и 50.000 евра во кеш.
Comments are closed for this post.