Некогашната тенисерска Јелена Докиќ во својата автобиографија раскажува на какви малтертирања била изложена од својот татко Дамир. Тоа особено било изразено кога ќе загубела меч а неретко и била тепана.

Поради тоа, Јелена имала и проблеми со тежината бидејќи од стес неконтролирано јадела.

Но, вистинскиот терор настанал кога таа се заљубила во Хрватот Тино, што било премногу за нејзиниот татко кој ги мразел сите Хрвати.

Во неговите очи тоа беше нешто најстрашно што можев да го направам.Тој повеќе би сакал да сум со некој терорист отколку со Хрват-се присетува Јелена.