Синиша Михајловиќ, кој води борба со лекуемија, покажува дека може да се даде отпор на страшната болест. Како што објави „Газета дело спорт“, славниот српски фудбалер, кој сега е тренер на Болоња, ќе ја напушти болницата и интензивната терапија за вечерва да седне на клупата на својот тим.

Болоња и гостува на Верона, а Михајловиќ, по неколку недели во болница повторно ќе го заземе своето место како шеф на стручниот штаб и лично ќе го предводи тимот.

Михајловиќ на 13 јули и соопшти на јавноста дека боледува од леукемија и дека во текот на лечењето ќе го следи и ќе води својот тим од болничката соба. Тоа досега го правеше гласно и бурно преку видео врска, но сега ќе направи голем чекор кон нормализирање на животот и повторно ќе застане крај зелениот терен.