Најбрз на првиот пливачки маратон на Мавровското Езеро на кружната патеката поставена во близина на хотелот „Радика“ со должина од три километри беше Филип Деркоски со време од 32 минути и 24 секунди. Втор на целата мина Јасин Рамадани, а трет Толга Демиџан.

Натпреварот е дел од Македонскиот куп во далечинско пливање и годинава е дел од одбележување на празникот „Успение на Пресвета Богородица“. Ова беше шеста трка оваа сезона од Македонскиот куп.

Во помладата категорија на пливачи од 12 до 14 години, најбрз беше Марко Ѓузиќ, а во фистински фото финиш влегоа Андреј Крстевски и Михаил Велков. Во женска конкуренција имаше две натпреварувачки од кои една се откажа, а низ целата помина Лина Јорадановска.

Натпреварувачите ќе добијат бодови според правилата ма Меѓународната федерација за пливачки спортови (ФИНА) за трки на отворени води. Следната трка за оваа сезона ќе биде на Велешкото езеро.

Според најавите, догодина се очекува Мавровското Езеро да биде повторно дел од Македонскиот куп. Организатори на овој натпревар е Националната пливачка федерација, Општина Маврово-Ростуше, пливачкиот клуб „Охридски бранови”, Кајак Клуб „Бабуна”.