Португалија е сепак класа за Швајцарија.Вечерва со убедлива игра и победа од 6:1 (2:0) резервираа четвртфинален меч со Мароко на Светското првенство во Катар.

Во рок од пет минути Гонзало Рамос и Пепе ја затресоа мрежата на Зомер и веќе по првото полувреме и го трасираа патот на Португалија до саботниот натпревар за влез во четирите најдобри селекции на планетата.