Ракометарите на Еурофарм Работник поразени се со 26:25 од шпанскиот вицешампион Бидасоа Ирун во рамки на третото коло од група „Ц“ во ракометната Лига на шампиони.
Битолчани во најголем дел од натпреварот беа во водство, првото полувреме го завршија со предност од три голови (11:14), во 42-та минута од натпреварот имаа предност и од 5 голови (11:16), но сепак домашниот тим со пресврт, тесно победи со 26:25.
Во шпанското гратче Ирун, двеилјадна публика со аплауз ги награди најдобрите ракометари на натпреварот, односно домашниот Сержо Дела Салут кој постигна 10 голови, и гостинскиот голман, македонскиот репрезетативец Никола Митревски кој имаше 13 одбрани.
Судиите од Хрватска Циндриќ и Конзурек со грешки го водеа натпреварот, но во 6 минута правилно и заради неспортско однесување го исклучија ракометарот на Еурофарм Работник, Мирко Радовиќ.
Битолската спортска јавност ги почна подготовките за претстојниот дерби натпревар од ракометната СЕХА лига меѓу водечките Еурофарм Работник и унгарскиот шампион Веспрем кој ќе се игра оваа среда на 2 октомври во Битола.
Comments are closed for this post.