Контроверзниот фудбалски менаџер кој беше советник на Зоран Заев ќе се обиде да го однесе Лука Јовиќ во Милан, дознава „Курир.рс“. Фали Рамадани е менаџер на Србинот и сака да го однесе на шестмесечна позајмица на Сан Сиро.

Јовиќ не е во прв план во Реал Мадрид и затоа планот му е да го донесе во тим каде ќе биде стандарден.

На Милан му треба напаѓач по повредата на Ибрахимовиќ, а пак Хрватот Ребиќ не е во топ форма.