Белгискиот арбитражен суд за спорт отвори процес за одземање на лицената на клубот Мускрон поради неисправно финаниско работење како и за докази дека зад тоа стои менаџерката агенција на Фали Рамадани, дознава „Курир.рс“.

На клубот му се заканува исфрлање од  сите натпреварувања а потоа и целосно згаснување. Фали Рамадани е еден од најконтроверзните менаџери кој беше на листата на советници на поранешниот премиер Заев.

Рамадани пред неколку месеци беше притворен па ослободен во Шпанија за перење пари.