Се одмотува клопчето околу најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Откако неговата мајка откри дека во 2008 година албански екстремисти му се заканувале дека дал поддршка за Косово, сега и поранешниот југословенски селектор Радмило Аренулиќ го потврдува истото но и изнесува нови детали.

Тој тврди дека не само што му се заканувале туку албанската мафија во Велика Британија планирала да го киднапира Новак па затоа морала да го чува Скотланд Јард.

За разлика од Дијана и Радмило, татко на Новак, Срѓан не сака да зборува на оваа тема.