Репрезентацијата на Полска однесе три бода од Скопје. Рутински со еден гол од единствената вистинска шанса што ја имаа преку играчот на Милан Пјонтек дојдоа до победата.
Публиката, која по подолго време солидно го наполни Градскиот стадион очекуваше повеќе од полските ѕвезди, пред се од Левандовски, но и од нашата репрезентација.
Сепак поразот не треба да биде разочарувачки ако се знае дека Полска е фаворит во нашата група. Следниот меч Македонија го игра во понеделник повторно во Скопје против Австрија.
Comments are closed for this post.