Потпретедателот на ФИФА Ахмад Ахмад приведен е денеска во Париз. Само ден пред почетокот на Светското првенство за жени, првиот човек на Афричката фудбалска федерација морал во полиција да даде одговори околу истрага во врска со корупција.

Меѓународната фудбалска федерација веќе четири години се бори против корупција во оваа организација, уште од апсењето на нејзините официјални лица.

Новата акција доаѓа само ден откако првиот човек на ФИФА Џани Инфантино изјави дека „никој повеќе не зборува за скандалот и корупцијата во фудбалот, после 2015 кога во голема рација заради финансиски малверзации зад решетки завршија неколку ФИФА членови.