Пол Погба планира лично да побара од менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, да му даде дозвола да си замине од клубот. Според „Дејли Мејл“, ова ќе се случи во првите денови откако светскиот шампион ќе се врати од одмор. 26-годишниот играч од средниот ред сака да замине пред почетокот на претсезонската турнеја на „црвените ѓаволи“, која почнува за две недели.

Реал Мадрид и Јувентус сакаат да го привлечат Погба, но ќе мора да платат 150 милиони фунти за него ако Јунајтед воопшто се согласи да го продаде.

Се тврди дека извршниот потпретседател на тимот, Ед Вудворд сака Погба да остане на „Олд Трафорд“, но ако Солскјер изјави дека нема потреба од немотивираниот играч, кој само ја расипува атмосферата во тимот, тогаш шефот може да се премисли.

Очигледно таква цел сака да постигне Погба за време на неговиот разговор со менаџерот. (МИА)